Бизарна несреќа се случи во Белград, во која загина 69-годишна жена, а уште една жена е повредена. Српски Телеграф објави дека жена била удрена од тркало кое испаднало од автобусот додека тој бил во движење.
Од Итната помош соопштија дека жената била прикована за оградата на Инфективната клиника. Друга жена е полесно повредена.
Полицијата го истражува овој случај.
„Тие полесни повреди треба да се земат со резерва, бидејќи во ваква несреќа секоја повреда е сериозна. Таа имала видливи повреди и исто така е во болница“, велат од Итната помош за Телеграф.
„Левото задно тркало се откачи и се тркалаше на патеката“, изјави еден од сведоците на несреќата.