Тешко повреден Италијанец во Хрватска, скокнал од височина од десет метри во море и удрил со главата во карпи

muzilj.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера околу 10:50 часот во заливот Мужиљ во Пула, 24-годишен италијански државјанин се здобил со тешки физички повреди. Кога скокнал од височина од околу десет метри, паднал на карпите, каде удрил со главата, а потоа паднал во морето, објавија хрватските медиуми.


На местото на инцидентот на оштетениот му пружиле помош од Итната медицинска помош и пожарникарите во Пула, а поради сериозноста на повредите 24-годишникот е задржан на лекување во болница во Пула.

Иако хрватската полиција често ги предупредува граѓаните и туристите да внимаваат кога скокаат во морето, односно да не скокаат во вода со непозната длабочина и да не скокаат во морето од карпи и други места кои не се наменети за скокање или каде што е скокањето забрането, се уште се бележат несреќи со тешки последици, пренесуваат хрватските медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK