Телата на децата во Нови Сад биле покриени со чаршаф, инспекторите ужаснати: „првпат во животот сме на ваква истрага“

nova-ubistvo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Припадници на новосадската полиција синоќа околу 17 часо влегле во домот на улицата „Томе Маретиќ“ во која престојувале младите сопружници со нивните двајца синови.

Телата на децата биле пронајдени во дневната соба покриени со чаршаф, јавуваат српските медиуми.

На лице место била спроведена истрага, а биле пронајдени египетски симболи.

Како што дознава „Блиц“, запленета е и компјутерска опрема, која во моментов се вештачи. „Нова.рс“ објави дека полицијата истражува докази за ритуално убиство.

Инспекторите рекле дека „никогаш во животот не биле на ваква истрага“.

„Блиц“ неофицијално дознава дека истрагата траела речиси пет часа и дека најдената глетка била многу шокантна, поради што плачело целото маало.

Младиот брачен пар М.П.С.(23) и  Л.П. С.(25), во петокот се самоуби скокајќи од зграда, а вчера беше откриено дека оваа брачна двојка претходно си ги убила сопствените деца.

Во куќа во Петроварадин пронајдени биле телата на две момчиња на една и тригодишна возраст.

Соседите на овој пар за „Блиц“ рејиа дека слушнале дека М.П.С е од Словачка, а Л.П.С од Врање.

Египетски симболи биле пронајдени на ѕидовите во куќата во која живеел парот со своите деца, а постои сомневање дека младиот човек и девојката биле членови на сектата.

Сектологот Димитрије Пастуовиќ за Телеграф претходно денес изјави дека постои сомневање дека овој случај е наводно еден вид сатанизам кој е поврзан со египетската магија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK