Српско МО: Турција интензивно ја вооружува Приштина

srpsko mo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државниот секретар на српското Министерство за одбрана Немања Старовиќ денеска изјави дека Турција интензивно работи на вооружување, обука и опремување на косовски безбедносни сили, што е во спротивност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, како и со Бриселскиот и сите други релевантни договори јави дописникот на МИА од Белград.

-Секако, ние интензивно ги следевме сите овие процеси, нашите агенции кои се одговорни за ова, со месеци детално известуваа до државниот врв, за се што се случува, и секако, согласно тоа, користејќи дипломатски канали, ние ги предупредивме претставниците на Турција дека ова што се случува е апсолутно неприфатливо. Тие секако, зборуваат за тоа дека се работи за некакви комерцијални аранжмани, за распродажби, изјави Старовиќ за РТС.


Тој нагласи дека се работи за вооружување што не е дозволено за Косово и таквото оружје не смеат да го поседуваат Косовските безбедносни сили.

-Од друга страна, врз основа на сето она што го знаеме, имајќи го предвид буџетот што се издвојува за т.н на Косовските безбедносни сили, тие немаат пари за такво нешто и не може да стане збор за комерцијални аранжмани и сосема е сигурно дека се работи за турски донации, рече Старовиќ и додаде дека дроновите „Бајрактар“ јавно ги презентирал Албин Курти со што сега на сите им е познат тој факт.

Според Старовиќ, не станува збор само за беспилотните летала од типот Бајрактар, туку и за многу сериозни, софистицирани противоклопни системи ОМТАС, минофрлачи и фрлачи на гранати.

-Затоа, тоа го подига нивото на ризици и закани, пред се кон српското население што живее на Косово, но и кон Република Србија во целост, кажа Старовиќ и посочи дека тоа не е причина за паника, туку дека станува збор за кршење на меѓународното право за што, Белград има адекватни одговори.

Старовиќ рече дека некој треба да одговори на прашањето како е можно 24 години по завршувањето на војната, по усвојувањето на резолуцијата 1244, воено-техничкиот договор од Куманово, наместо демилитаризација на Косово, да имаме косовски безбедносни сили опремени со високо офанзивна опрема.

Старовиќ истакна и дека Турција е голема сила која има значително политичко и економско влијание на Западен Балкан и дека Србија мора да има добри односи со неа.

-Ги користиме сите достапни канали за да го предупредиме нашиот партнер од Турција дека тоа за нас е неприфатливо, а она што особено загрижува е фактот што Турција ќе ја преземе командата на КФОР за неколку месеци, наесен оваа година. За прв пат, по формирањето на мисијата на КФОР, изјави Старовиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK