Српска влада: Реконструкција на граничниот премин Прешево-Табановце готова до почеток на летото

preshevo-tabanovce
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пред почетокот на летото ќе завршат работите за подобрување на сообраќајниот пристап на граничниот премин Прешево – Табановце, кои опфаќаат проширување на пристапните патишта од српска и од македонска страна. Оваа делумна реконструкција на преминот ќе резултира со одредено забрзување на протокот на возила и намалување на задржувањето на бројот на граѓани на граничниот премин, јави дописникот на МИА од Белград.







-Работите се изведуваат како дел од Иницијативата Отворен Балкан, што ја започна претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Реконструкцијата на преминот е еден од резултатите од Меморандумот потпишан меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија, кој содржи мерки за забрзување на движењето на возила, луѓе и стока преку државната граница, соопштија од српската влада.

Во соопштението се наведува дека работите што денеска почнуваат од македонска, од српска страна на границата ќе започнат следната недела, а се очекува да завршат во првата половина на следниот месец, пред почетокот на туристичката сезона, а тоа, покрај одредено намалување на метежот на границите, исто така, ќе ја олесни трговијата меѓу двете земји.

-Имено, во периодот што следи се очекува да се спроведат мерки за признавање на сертификати за мерење на товарните возила меѓу царинските управи на двете земји, со што ќе се скрати времето за спроведување на царинските формалности, наведуваат од српската влада.

Овие мерки, додаваат, ќе придонесат за забрзан проток на граничниот премин Прешево – Табановце и за намалување на трошоците за патниците и деловните субјекти, што позитивно ќе се одрази на меѓународната трговија во целиот регион.

-Ова се само некои примери за тоа како Иницијативата Отворен Балкан го забрзува протокот на луѓе, стоки и услуги и заштедува време за граѓаните и стопанството при преминување на државните граници, се наведува во соопштението од српската влада.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK