Средба на Вучиќ со српскиот патријарх Порфириј и претседателот на РС посветена на „клучни национални прашања“

vucic_34543545444
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфириј и претседателот на Република Српска Милорад Додик, на „разговори за сите клучни национални прашања за српскиот народ“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Разговарав за сите клучни национални прашања за српскиот народ со патријархот Порфириј и Милорад Додик. Беа договорени во блиска иднина важни заеднички состаноци на територијата на Република Српска, а патријархот Порфириј и јас го прифативме предлогот на претседателот Додик, комеморацијата на Денот на сеќавањето на сите Срби кои загинаа или беа прогнани во акцијата „Олуја“ да се одржи во Приједор на 4 август, напиша Вучиќ на својот Инстаграм.



Пред пристигнувањето на патријархот Порфириј, Вучиќ и Додик разговараа за состојбите во регионот и за претстојните средби на делегациите на Република Србија и Република Српска.

Како што соопшти Вучиќ на Инстаграм, се договориле и што поскоро да се организира состанок на сите државни органи на Србија и РС на територијата на Република Српска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK