Специјалниот пратеник за спроведување на санкциите на ЕУ, О’Саливен во Србија

o-saliven
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Алексадар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ во Белград остварија средба со специјалниот пратеник за спроведување на санкциите на Европската унија, Дејвид О’Саливен, чиј фокус во работата е ангажман во дијалогот со трети земји и соработка во заеднички акции насочени кон спречување на заобиколување на санкциите, јави дописникот на МИА од Белград.







Според соопштенеито од српската влада, Брнабиќ во разговорот изјавила дека Србија нема воведено санкции кон Руската Федерација, но дека во никој случај не е и нема да биде платформа за заобиколување на санкциите воведени од Европската унија.

-Кога станува збор за војната во Украина, Србија не е вредносно неутрална и ние сме јасно одредени во однос на нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина, изјави Брнабиќ и посочи дека Србија е кредибилен и доверлив партнер.

Според соопштението, О’Саливен на средбата разменил мислења за конкретни чекори што треба да се спроведат со трети земји за да се спречи заобиколување на санкциите и се заблагодарил за конструктивниот однос и подготвеност за понатамошна соработка.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на средбата со О’Саливен порачал дека Србија е посветена на соработката со ЕУ.

-Повторив дека Србија е посветена на соработката со ЕУ на полето на надворешната, безбедносната и одбранбената политика, притоа почитувајќи ги обврските кои произлегуваат од ССП и Преговарачката рамка, но и дека при разгледување на каква било одлука за евентуално воведување мерки против какви било земји, ќе се раководи исклучиво од меѓународното право, штитејќи ги нејзините национални, државни, политички и економски интереси, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK