Службената Влада на Грција положи свечена заклетва

grcija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Свечена заклетва пред претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и во присуство на претставник од грчката црква, положи новата службена и привремена Влада на Грција, која има едномесечен мандат до изборите на 25 јуни, јави дописничката на МИА од Атина.







Новиот владин состав има 20 членови, сите се со функција министри, а од нив само шест се жени.

По свечената заклетва во Претседателската палата во Атина, премиерот Јоанис Сармас, закажа и прва владина седница.

Веденаш потоа ќе следи и примо – предавање на функциите во Министерствата.

Почесниот амбасадор Василис Каскарелис, кој е поранешен постојан претставник на Грција во ОН, во НАТО, како и во ЕУ, но и поранешен амбасадор во САД е новиот министер за надворешни работи на Грција. а попладнево и официјално ќе ја преземе функцијата од Никос Дендиас.

Поранешниот заменик -министер за одбрана Алкивиадис Стефанис се враќа во истото Министерството, но овој пат како министер за одбрана, а во Министерството за финансии доаѓа заменик- гувернерот на Банката на Грција Теодорос Пелагидис,

Новинарот од државната телевизија ЕРТ Илиас Сиакандарис е новиот владин портпарол.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK