Соединетите Американски Држави го сметаат лидерот на босанските Срби Милорад Додик за закана за безбедноста, а спремни се да реагираат на секое загрозување на опстанокот на Босна и Херцеговина како држава, изјави американскиот амбасадор во Сараево Мајкл Марфи.
Марфи потсети на изјавата на Додик дека „не сака да дише ист воздух со Бошњаците“, оценувајќи дека тоа би требало да го загрижи секого, вклучувајќи ја меѓународната заедница.
Објасни дека САД нема мирно да го гледаат ризикот од избивање нов конфликт на тлото на БиХ и затоа силно го поддржуваат продолжувањето на воената мисија на ЕУ, но и решителноста на НАТО да не дозволи „безбедносен вакум во земјата“.
„Нашата политика е цврста и јасна и таква е во последните 30 години. Ги поддржуваме територијалниот интегритет, суверенитетот и мултиетничкиот карактер на БиХ, тоа е наш интерес и ќе го браниме“, кажа американскиот амбасадор за внатрешните прашања на БиХ.