Рама: Се фокусиравме на новиот план за финансиска и економска поддршка на ЕУ за Западен Балкан

rama
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По неформалната средба, што денеска се подржа во Тирана,  со премиерите на земјите од Западен Балкан, на која присуствуваше и еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји, за тоа што се разговарало попладнево прес-конференција одржа домаќинот Еди Рама.







Рече дека на средбата се зборувало за финансиска поддршка на Европската унија за земјите од Западен Балкан, бидејќи по војната во Украина биле поддржани сите земји членки на ЕУ, со што се создава јаз со земјите кои аплицираат за членство.

-Денеска бевме во Тирана со еврокомесарот Вархеји, кој го покрива регионот и има задача да се занимава со сите прашања поврзани со проширувањето и соседството, и разговаравме за ова. Веќе извесно време се обидуваме да промовираме нов начин на гледање на работите во јазот што постои меѓу земјите-членки и нашите земји, по ударите на пандемијата, енергетската криза во Украина, што предизвика ЕУ да дистрибуира средства за земјите-членки, што го зголеми јазот меѓу нас и земјите-членки, рече Рама.

 

Според него, во тек е подготовка на финансиски пакет за сите земји од Западен Балкан, но како што одговори на новинарско прашање сеуште не се знае колку ќе тежи фондот и која земја колку ќе добие.

 

-Имајќи ја предвид оваа последица и сите предизвици кои денес се споделуваат колку што се засебни, се обидовме да создадеме друг пристап, па паралелно со преговарачкиот процес да имаме дополнителна поддршка за земјите од Западен Балкан. Ова почна да се оформува и се подготвува нов план за поддршка, Западен Балкан може да отвори некои патишта за интеграција во европскиот обединет пазар без да го чека влезот во Европската унија. Помалку или повеќе, ова е прегледот на денешниот ден, рече Рама.

 

Тој избра да не зборува многу за неприсуството на косовскиот премиер Албин Курти на денешната средба.

 

На новинарско прашање дали му е „жал што отсуствуваше помалиот брат“ Рама кусо одговори дека „не гледа никаков интерес бидејќи сите биле поканети и кој сакал дошол“.

 

Кусо со порака да кликнат на неговата  Фејсбук страна, каде, според него, преку порака за Албанците, на сите им дал одговори, им возврати на новинарите на прашањето околу поседните апсења и покренување кривични пријави за  неговите сопартијци, меѓу кои и поранешниот вице премиер Арбен Малај.

 

Инаку, на денешната неформална средба која траеше час и половина присуствуваа премиерите на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на Србија, Ана Брнабиќ, на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.

 

Инаку, Албанија ќе биде домаќин на Самитот на Берлинскиот процес на 16 октомври годинава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK