Рама: Од јануари 2019 година „бебешки бонус“ во Албанија добиле повеќе од 170 илјади новороденчиња

bebe
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од јануари 2019 година, од кога почна да се имплементира владината програма, во Албанија бебешки бонус добиле повеќе од 170 новороденчиња. Ова на својот Фејсбук профил го објави албанскиот премиер Еди Рама.







-Добра вест. Повеќе од 170 илјади новороденчиња го остварија правото на „бебешки бонус“ од почетокот на владината програма во јануари 2019 година, поддржувајќи ги нивните семејства со 40 илјади лека( 400 евра) за прво дете, 80 илјади за второ и 120 илјади лека за трето дете. Ви посакувам убав ден, напиша Рама.

Доколку се близначиња, тројка или повеќе бебиња, секое добива по идентичен износ.

Ова право го остваруваат сите родители без оглед на социо-економскиот статус, чии деца се регистрирани во матичната книга на родените во Албанија, без оглед дали се родени во земјата или во странство.

Во првите четири години од кога почна да се применува владината програма бебешки бонус добиле 164 илјади новороденчиња, што подразбира дека оваа година ова право го оствариле над шест илјади.

Чекот родителите го добиваат во породилиштето, заедно со извод од матичната книга на родени. За деца кои се родени во приватни болници или во странство, чекот го издава Министерството за здравство по евидентирањето на новороденчето во Управата за матична евиденција.

Според медиумите, над 30 отсто од новороденчињата се родени во странство, каде живеат и работат нивните родители.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK