Рама: Нападот врз Курти е срамно однесување, што е на штета на Косово

rama
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Албанскиот премиер Еди Рама на Твитер реагираше поради физичката пресметка во Собранието на Косово, каде што беше фрлена вода врз премиерот Албин Курти, додека тој беше на собраниската говорница.







Тој го нарече нападот „срамно однесување, што е на штета на Косово“.

– Да не се согласуваш со премиерот е демократско, вака да го изразуваш своето противење значи да се оцрните себе си, вашите гласачи и целата држава со срам што денеска е на штета на Косово на меѓународен план, повеќе од која било политичка позиција, што му се спротивставува на премиерот! Замислете како се чувствуваат незаменливите сојузници и пријатели на Косово и на Албанците, кога гледаат како Албанците се фаќаат за гуша, онаму каде што треба да се бори со идеи и зборови, а не со навреди и тупаници! Навистина се надевам дека опозицијата ќе се огради од ова срамно однесување и ќе му служи на Косово со сила на пример, а не со пример на сила!, напиша Рама на Твитер.

Денешните случувања во косовскиот законодавен дом ги коментираше и поранешниот албански претседател, поранешниот премиер и актуелен лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, наведувајќи дека вакви сцени на насилство никогаш не треба да се случуваат во ниту еден Парламент.

– Апсолутно изразувам длабоко жалење за физичките напади. Тие никогаш не треба да се случуваат во ниту еден Парламент, тие не се решение за несогласувањата меѓу власта и опозицијата во еден Парламент, посочи Бериша.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK