Пукање во Сараево: маж испукал неколку куршуми кон автомобил

gg-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мажот осомничен дека испукал неколку куршуми во автомобил во сараевската населба Ковачи е уапсен во попладневните часови.


Како што беше нагласено, полицијата го уапсила Ј.Х. (1995), а во моментов е под кривична истрага, пренесува Klix.ba.

„Денеска околу 12:30 часот, полициско одделение Стари Град било известено дека било употребено огнено оружје. По излегувањето на терен, полициските службеници ги потврдиле наводите од пријавата, дека непознато машко лице употребил огнено оружје, при што во таа прилика нема повредени, а едно возило претрпело материјална штета. Известен е обвинителот, кој делото го оквалификува како убиство во обид. Мажот Ј.Х. (1995), за кого постои основа за сомневање дека е сторител на ова кривично дело, полициските службеници на Полициската управа го лишиле од слобода и против него се води кривична постапка. Полициски службеници продолжуваат да работат на овој случај“, соопшти МВР.

Неофицијално, осомничен за нападот е Џан Хукелиќ.

Според Klix.ba, целта бил Емир Кундо кој бил во Golf VII. Во автомобилот во кој се наоѓал Кундо било пукано од мотоцикл во движење.

Инаку, Кундо (1997) и претходно беше поврзан со криминални активности, поточно со пукањето што се случи на улицата Ферхадија во Сараево во 2016 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK