Протестите во Европа не стивнуваат: земјоделци од цела Грција се упатија кон Атина

Протестите-во-Европа-не-стивнуваат-земјоделци-од-цела-Грција-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Незадоволните земјоделци од цела Грција денеска тргнаа кон Атина по строго организиран план усогласен со полицијата.


Се проценува дека земјоделските возила ќе пристигнат на плоштадот по 17:30 часот по локално време, по што ќе следат говори на официјални претставници на земјоделците.

„Тука сме да ги слушнеме нивните барања“, нагласи Павлос Маринакис, претставник на грчката влада, додавајќи дека „можностите се исцрпени и нема основа за преголеми очекувања“.

Се проценува дека собирот ќе заврши вечерва околу 22 часот по локално време, но од безбедносни причини земјоделската механизација ќе остане паркирана на плоштадот во текот на ноќта и ќе ја напуштат Атина во среда наутро.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK