Песков: Белград е под невиден притисок поради односите со Москва

Песков-Белград-е-под-невиден-притисок-поради-односите-со-Москва.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Србија е под интензивен невиден притисок поради односите со Москва и тоа нема никаква врска со нечија смрт, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Новинарите побараа од Песков да ја коментира изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ „Прва“ дека смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални може да ги комплицира односите меѓу Белград и Москва и дека очекува зголемен притисок од Брисел.

„Не го знам контекстот на таа изјава, но единствено што со сигурност знаеме е дека Белград постојано е под многу силен притисок и тоа нема врска со нечија смрт. Тој притисок е константен и сосема без преседан“, рече Песков.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK