Пронајдено телото на исчезнатиот Португалец, потрагата во морето по четвртиот продолжува, објавија хрватските медиуми


more-hrvatska-depositphotos_491641300_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Телото на Португалецот кој исчезна заедно со уште тројца, ноќта кон средата, беше пронајдено утрово. Потрагата по четвртиот сè уште е во тек, а двајца се пронајдени живи.


Двајца португалски државјани беа пронајдени живи вчера по повеќечасовно пребарување во Велебитскиот канал, додека интензивната потрага продолжи по преостанатите двајца од групата од четири члена.

Групата исчезна во среда навечер откако испловила со мал гумен чамец од камп во близина на Сењ и покрај силните ветрови и лошото време.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK