Португалката која осум часа поминала во морето кај Крк пуштена од болница


more-depositphotos_315827096_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Португалката која вчера беше спасена откако повеќе часа поминала во морето кај островот Крк денеска е пуштена од КБЦ Риека на домашно лекување.


Таа била примена поради долготраен престој во морето и опасноста од давење. По лекарскиот преглед и набљудувањето, нејзината состојба е добра.

Жената ноќта со уште тројца португалски државјани со мал гумен чамец се упатила во морето од кампот Козица. Нивното исчезнување било пријавено околу 4 часот наутро. Жената била пронајдена вчера во 11:44 часот.

Околу два часа подоцна бил пронајден уште еден член на групата, кој сè уште е во болница.

Во меѓувреме, утрово во морето кај Крк било пронајдено безживотно тело, кое го забележал полициски хеликоптер.

Потрагата по уште еден исчезнат член од четворочлената група продолжува, а во неа учествуваат повеќе спасувачки и полициски екипи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK