Принудно слетување во Белград: Патник полетал со синот, па починал во авионот

Принудно-слетување-во-Белград-Патник-полетал-со-синот-па-починал.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Турскиот државјанин И.А.О.(58) починал на лет за Германија, поради што авионот итно слетал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ утринава околу 5:30 часот.

Како што неофицијално дознава „Информер“, несреќниот човек патувал на релација Трабзон – Дизелдорф кога ненадејно му се слошило.

-Авионот полетал од Турција, а починатиот патувал со својот син. Се сомнева дека му се слошило во тоалетот и за жал набргу починал. Поради немилиот настан, авионот слета на белградскиот аеродром, каде смртта на патникот ја констатира нашата брза помош – изјави извор на Информер запознаен со случајот.

Известена е и полицијата која извршила истрага која ќе утврди што точно се случило.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK