Десет лица се повредени во пожар што избувна во зграда во Урошевац, соопшти портпаролот на полицијата Канун Весељи.
Според него, инцидентот се случил во неделата околу 22.28 часот, а се сомнева дека имало проблем со електричните броила.
Весељи изјавил дека полицијата ги презела сите неопходни мерки, евакуирајќи ги жителите поради чадот, пренесува Репортер.
Започната е истрага за причините за пожарот.