Полицијата повторно ги „чешла“сите куќи во Бор: потрагата по исчезнатата Данка продолжува

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ситуацијата во Бањско Поле наликува како опсадна состојба, јавува „Телеграф“ од местото каде пред осум дена исчезна двегодишната Данка.



Во населбата, според написите на медиумот, има голем број полицајци.

„Полицијата оди од куќа до куќа. Некои се во униформи, а некои во цивилна облека,“ пишува „Телеграф“.

Претходно, противпожарни возила биле забележани пред полициската станица во Бор. Се движеле под ротација.

Српските медиуми потсетуваат дека Данка исчезна во моментот кога нејзината мајка му давала вода на другото дете, а потрагата е во тек од тој ден. Од Виена пристигна индицијата која ја крена цела Србија и регионот на нозе, а се работи за видео на кое се гледа мало девојче кое наликува на малта Данка во друштво на две Романки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK