На 18 години почина младата хрватска каратистка Ника Бркиќ од Винковци, Хрватска.
Трагичната вест преку социјалните мрежи ја потврди Карате сојузот на Хрватска.
„Со зборови тешко може да се изрази болката која ја чувствуваме поради загубата на нашата сакана Ника Бркиќ. Ника не беше само врвна каратистка, туку и личност која ширеше позитивна енергија околу себе. Ќе се сеќаваме на нејзината преданост на спортот и големото срце. Душата нека и пронајде мир, а нејзиното семејство и пријатели сила и заедништво. Нашите мисли се со вас во овој тежок момент. Почивај во мир, драга Ника“, стои во објавата на сојузот.
Засега повеќе информации за смртта нема. Ника пред само три месеци освои златен медал до 53 килограми, додека во 2018 година во младинските конкуренции беше вицешампион на Хрватска.