По посилниот земјотрес во Црна Гора следеа 30 послаби

c-gora-zemjotres-epicentar.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора во 4 часот и 6 минути, соопшти Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија. Според нив, епицентарот бил на пет километри југозападно од градот Чараѓе во општина Никшиќ, а епицентарот бил на длабочина од 14 километри.

Милена Томановиќ од Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на прес-конференција рече дека овој посилен земјотрес можел да предизвика одредена штета во епицентарот. Тоа се случи во пограничната област на Црна Гора и БиХ.

Истакна дека во таа зона и претходно имало земјотреси до јачина од 5,5 степени, јавува РТЦГ.

„Не можеме да предвидиме дали може повторно да се случи земјотрес со ист интензитет или посилен. Она што можеме да го кажеме е дека имавме 30 последователни земјотреси од 5,3 до 1,5 степени според Рихтеровата скала“,  рече Томановиќ.

Земјотресот бил почувствуван низ целата земја, но и во државите од регионот, меѓу кои Македонија. Сеизмологот Срѓан Цековиќ од Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија за порталот РТЦГ претходно изјави дека длабочината на земјотресот бил на 14 километри.

Нема податоци за евентуална штета.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK