По Македонија и Србија падна на тестот со знамињата – премиерката на Италија пречекана со унгарски знамиња на улиците

По-Македонија-и-Србија-падна-на-тестот-со-знамињата-–.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Откако во Македонија, неколкупати странски дипломати беа пречекани со знамиња на други држави, денес Србија направи грешка за време на пречекот на италијанската премиерка, Џорџа Мелони.


Како што јавуваат српските медиуми, Мелони која се наоѓа во посета на Белград по пристигнувањето доби букет цвеќе од Вучиќ, а во знак на добредојде на улиците беа поставени знамиња – но не италијански, туку унгарски.

„Знамињата, како што секогаш се прави при пристигнувањето на странските претставници, беа поставени покрај автопатот и главните улици во градот, како и пред Палатата Србија, каде што е средбата меѓу италијанската премиерка и српскиот претседател. Пред Палатата знамињата беа правилно поставени, но проблем настана покрај автопатот. Некој во организацијата очигледно направил пропуст“, пишува „Нова.рс“.

Имено, комбинацијата на боите на италијанското и унгарското знаме е иста, но кај Унгарија тие се поставени хоризонтално, а кај Италија вертикално.

Унгарско знаме

Италијанско знаме

Српското знаме беше поставено по должина, па така знамето го претставуваше симболот на Унгарија.

Во Македонија не еднаш во изминатите години беше направена грешка со знамињата. Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон лани беше во Скопје, а нејзиниот колега Бујар Османи ја пречека со знамето на Словачка. Претходно, во 2018 година, експремиерот Зоран Заев го пречека тогашниот австриски канцелар Себастијан Курц во Скопје со знамето на Летонија. Понатаму, поранешниот француски амбасадор Кристијан Тимоние во 2019 година во Охрид беше пречекан со холандското знаме, а неколку месеци подоцна, Мило Ѓукановиќ беше дочекан со наопаку поставено црногорско знаме.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK