Патник се скарал со екипажот па отишол да ја отвори вратата: авионoт морал принудно да слета во Белград

Патник-се-скарал-со-екипажот-па-отишол-да-ја-отвори.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Авион на „Wizz Air“ од Тел Авив за Лондон, принудно слетал во Белград поради непослушен патник, јавува „Exyuaviation“.


Имено, патникот се скарал со екипажот на авионот, а потоа отишол да ја отвори вратата.

Причината за инцидентот не е соопштена, пренесуваат медиумите во регионот.

Според српските медиуми, другите патници биле принудени да чекаат нов лет за Велика Британија.

„Од компанијата потврдуваат дека авионот што летал од Тел Авив за Лондон морал да слета во Белград поради проблем со еден од патниците“, се наведува во официјалното соопштение.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK