Нови детали за експлозијата во Смедерево: сопственикот на станот се скарал со станарите за киријата, па ја активирал бомбата на третиот кат


1693548874_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Експлозијата што се случи синоќа во центарот на Смедерево се случила откако била активирана бомба на третиот кат од зграда во улица „Слобода“.


Експлозивот го активирал сопственикот на станот на третиот кат по кратка дискусија со станарите на кои го издавал тој стан. Наводно, причина за кавгата била неплатена кирија.

Сопственикот на станот се обидел да влезе во станот, но станарите не му дозволиле. После тоа се обидел да постави бомба во станот. Тој се разнел, додека две лица се повредени.

Во експлозијата што се случи синоќа околу 20:30 часот во зграда на улица „Слобода“ во центарот на Смедерево, едно лице загина, а уште две се повредени. Експлозијата се случила на последниот, четврти кат од зградата, која е уништена како и двата ката подолу. Според станарите, сите 25 стана во зградата претрпеле голема материјална штета. Околу зградата и во околните улици има парчиња мебел, столарија и стакло.

Звукот на детонацијата се слушал и во далечните делови на градот. Некои корисници на социјалните мрежи тврдат дека експлозијата наводно се слушнала „неколку километри подалеку“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK