Норвешка служба за национална безбедност: Подводните инфраструктури на Норвешка се ранливи

norveshka-zname
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Подводните инфраструктури на Норвешка, која е главен снабдувач со енергија на Европа, се ранливи, се вели во извештајот објавен денеска од Норвешката национална служба за безбедност.







„Настаните од инвазијата на руските сили во Украина ни покажуваат дека подводните инфраструктури за гас, електрична енергија и електронски комуникации можат да бидат изложени на саботажни активности и се ранливи на такви активности“, се вели во извештајот на службата.

За подводните инфраструктури на Норвешка и другите клучни инфраструктури, „мора да се преземат мерки за да се постигне соодветно ниво на безбедност“, забележува службата.

Извештајот, кој прикажува повеќе од 50 прашања од важност за националната безбедност на Норвешка, беше објавен неколку месеци по саботажата на гасоводите „Северен поток“ во Балтичкото Море во септември 2022 година. Се уште не се познати сторителите на саботажата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK