Силниот ветер пропратен со дожд кој утрово ја зафати Хрватска попладнето пристигна во Босна и Херцеговина.
Во Бања Лука има налети на ветер до 40 километри, се очекуваат врнежи кои веќе почнаа во некои делови на Република Српска, а најавен е и пад на температурата кој вечерва нема да надмине осум Целзиусови степени.
Според најавите на Републичкиот хидрометеоролошки завод во Република Српска, во попладневните и вечерните часови се очекува умерен до засилен ветер, а во повисоките региони на Краина на моменти невреме.
Се очекуваат налети на ветер од 40 до 60 километри на час.