Невреме во Словенија: Едно лице загина на Блед

nevreme_slovenija_2342342
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Покрај Хрватска, попладнево и Словенија беше зафатена од силно невреме, во кое едно лице загина, а во целата земја е забележана голема материјална штета, јави агенцијата СТА.

Како што соопшти полицијата, едно лице загина на Блед поради паѓање на дрво, а друго е повредено. Две лица се повредени од удар на гром во камп кај Мозирје на северот на Словенија.


Град со големина на тениско топче падна во близина на Метлика, а илјадници луѓе останаа без струја, иако извештаите од Електростопанство покажуваат дека прекините на струјата главно биле привремени.

Пожарникарите интервенирале во блискиот камп Менина, каде дрво паднало врз два шатора и автомобил, но нема повредени.

Исто така, пожарникари од околу 300 противпожарни служби отстрануваат паднати дрвја, електрични и телекомуникациски столбови, покриваат отворени покриви, пумпаат вода од поплавените згради и патишта и учествуваат во евакуацијата на граѓаните од загрозените подрачја.

Во Љубљана ветерот го откорнал металниот покрив на стадионот на Плечник, а во Целје од фудбалскиот стадион.

Ова е второ силно невреме што ја погоди Словенија за помалку од 24 часа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK