„Нешто страшно експлодираше, а потоа видов полиција“: соседи сведочат за експлозијата во Хрватска

Dugo-Selo-61b22a9d8db70510482477_huge.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во експлозијата што се случи во близина на Загреб две лица загинаа, додека еден маж (79) е тешко повреден и моментално се наоѓа во болницата Дубрава.


Мажот имал повреди на стомакот и долните екстремитети и изгубил многу крв. Опериран е, но животот му е се уште во опасност, изјави за 24сата хирургот во КБ Дубрава, Кристијан Чупурдија.

Засега не е позната причината за експлозијата.

– Не ја слушнав експлозијата, но ги слушнав сирените, пожарникарите и брзата помош. Експлозијата ја слушнаа соседите до нас, па не известија, веднаш излеговме да видиме што се случило – ја опишал еден од соседите детонацијата што попладнево се случила во домот за стари лица во Дуги Село.

– Беше на ручек, нешто страшно пукна, погледнав надвор, немаше ништо. Кога подоцна излегов на терасата, видов полиција и сфатив дека се случило нешто страшно – изјавил друг кој не знаел дека таму се наоѓа Домот за стари лица.

– Мислам дека таму имаше четворица стари лица, не знам дали сите беа пријавени – додаде тој.

Ниту градоначалникот на општината, Ненад Паниан, кој живее во близина, не знаел дека во таа куќа се вршат услуги за стари лица. Ниту тој не ја слушнал експлозијата.

Сопствениците на куќата во моментот на експлозијата биле на првиот кат на ручек. Тие се во шок, а жената морала да прима седативи за да се смири

Од експлозијата им се подигнал подот.

Полицијата врши увид на местото на настанот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK