Населбата Буќеџе кај Лин во Поградец најстара во Европа

населба буќеџе
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека археолозите од Универзитетот во Берн во соработка со албанските колеги и официјално потврдиле дека населбата Буќеџе, кај Лин во Поградец, е најстарата населба во Европа.

„Резултатите од над четиригодишните ископувања на албанските археолози и оние од Универзитетот во Берн потврдија дека палафитната населба кај Лин во Поградец е најстарата во Европа, над 8.000 години, каде било развиено земјоделството, занаетчиството, рибарството. Ова ново откритие, освен што има неоспорна историска и археолошка вредност, ќе биде и нова референтна точка за туризмот„, напиша Рама во објава на социјалните мрежи.



Според Алберт Хафнер, археолог од Швајцарија, станува збор за населба која го развила земјоделството пред осум до 9.000 години, кое потоа се проширило во Италија и низ Европа. Додава дека оваа населба е околу 2.000 години постара од оние кои се наоѓаат во Швајцарија.

-Од 2021 година копаме и ги следиме трагите кои не водат до 5800 години пред Христа. Копаме по најстарите водни дрвја во Европа. Во Швајцарија најдовме стари 6000 години додека кај вас над 8000 години. Овде жителите биле земјоделци. Од наодите можеме да кажеме дека тоа е најстариот палафит во Европа, рече тој.

Албанскиот археолог Адријан Анастаси, вели дека наодите може да се сместат во Поградец или дури и во дигитална форма во функција на археолошкиот туризам.

Ископувањата во населбата се одвиваат во вода, бидејќи населбата била изградена од дрво на копно и на езерото, додека има податоци дека уште една ваква населба е исто така во близина на границата со Северна Македонија.

Селото Лин е мал полуостров, кој се наоѓа на западниот брег на Охридското Езеро, на 20 километри од градот Поградец.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK