На петмина Бугари им се суди во Велика Британија под обвинение за шпионажа за Русија

На-петмина-Бугари-им-се-суди-во-Велика-Британија-под.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Петмина бугарски државјани кои живеат во Британија денеска ќе се појават во Вестминстерскиот суд во центарот на Лондон, каде ќе бидат обвинети за шпионажа за Русија.


Орлин Русев (45) од Грејт Јармут, Норфолк, Бисер Џамбазов (41) и Кетрин Иванова (31), двајцата од Хароу, западен Лондон, Иван Стојанов (31) од Гринфорд, западен Лондон и 29-годишната Вања Габерова, од Черчвеј, северозападен Лондон, се очекува да бидaт обвинети за дела според член 1 од Законот за кривично право од 1977 година, пишува бнр.бг.

Тоа значи „учество во заговор за собирање информации наменети да бидат директно или индиректно корисни за непријателска држава“. Станува збор за периодот август 2020 година и февруари оваа година.

Русев, Џамбазов и Иванова веќе беа обвинети за поседување лажни лични документи во февруари, откако беа претресени нивните домови кога беа уапсени.

Се верува дека петмината се шпионска ќелија на чело со Орлин Русев. Прогоните за шпионажа во британските судови се многу ретки, при што случаите на шпионажа од странски државјани често се решаваат директно со протерување. Сепак, односите меѓу Велика Британија и Русија нагло се влошија откако руските трупи ја нападнаа Украина во февруари минатата година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK