Ученик во основното училиште „Свети Сава“ во населбата Лауш во Бања Лука нападнал и удрил свој соученик.
Директорот на ОУ „Свети Сава“ во Лауш, Мирослав Попржен, истакнува дека овој настан се случил надвор од училишниот двор.
– Се случи после час, околу 7-7 и пол на автобуската постојка спроти нашето училиште. Осмоодделенец го удрил својот врсник по брадата. Сето тоа дојде до раководителот на одделението, кој ме контактираше, а потоа контактиравме и со мајката на повреденото момче. Му била укажана лекарска помош и нема сериозни повреди – изјави директорот.
Директорот изјавил и дека ученикот кој го тепал својот врсник е познат по своето проблематично однесување.
– Момчето е префрлено од друго училиште во нашето и е познато по своето проблематично однесување. Потекнува од нефункционално семејство, неговите родители се разведени. И Центарот за социјална работа со момчето се занимава 2 години. Утре ќе има наставнички совет, ќе предложам да биде избркан од училиштето – рече директорот.
Тој додаде дека пред неколку дена училиштето било известено за случај на куршум во училишниот двор што го носел тој ученик.
-Тоа се случи пред неколку дена, учениците од 4-то одделение виделе куршум на игралиштето и пријавиле кај наставничката. Истражувавме заедно со педагогот и дојдовме до заклучок дека куршумот го донел тој ученик. Кога го повикавме таткото да дојде на училиште, тоа момче избега. Подоцна негов соученик го сретнал пред училиштето каде и признал се, а пред татко му тврдел дека куршумот го нашол во куќата на дедо му и дека го донел во училиште за да го фрли. Мислам дека случајот со куршумот нема врска со синоќешниот настан – рече директорот и додаде дека случајот е пријавен во полиција и сега се е во нивна надлежност.