Курти одби да се сретне со Рама во Приштина, бара одржување на седница на двете влади

RAMA-KURTI
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Косовскиот премиер, Албин Курти одби да се сретне со неговиот албански колега, Еди Рама, кој утре ќе допатува во дводневна посета на Косово, и нагласи дека тоа ќе го направи единствено на заедничка седница на двете влади, јави дописникот на МИА од Приштина.

По денешната владина седница, Курти пред новинарите изјави дека заедничката седница на двете влади, која требаше да се одржи во Ѓаковица на 14 јуни, беше неправедно откажана од Рама и дека нема потреба да се среќава со него надвор од една таква седница.


Според косовскиот премиер, важна за односите меѓу Косово и Албанија е седницата на двете влади, а не неговите средби со албанскиот хомолог.

– За мене, потребно е да имаме седница на двете влади. Ако премиерот Рама инсистира на одлагање на седницата на двете влади, тогаш јас останувам на ставот што му го кажав: ние имаме директни контакти, се среќаваме многу често … не страдаат односите меѓу Косово и Албанија, ниту пак демократијата и мирот на Балканот, затоа што нема да се сретнат премиерите на Косово и Албанија, туку затоа што седниците на нашите влади неоправдано се одлагаат, изјави Курти.

Рама ќе допатува утре во Приштина во рамки на балканска турнеја во функција на подготвување на наредниот самит на Берлинскиот процес, што ќе се одржи во октомври во Тирана.

Курти рече дека побарал од Рама, со оглед дека ќе престојува во Приштина, да ја одржат и меѓувладината седница.

– Јас пријателски побарав од премиерот Рама. со оглед дека ќе престојува во Приштина два дена и една ноќ, да ја одржиме седницата која неосновано се одложи, иако беше предвидено да се одржи на 14 јуни во Ѓаковица. Сите подготовки ги направивме, 13 договори требаше да се потпишат … Јас му предложив на премиерот Рама да одржиме уште една заедничка седница на двете влади, да ги потпишеме тие усогласени договори и сите да бидат функционални, рече Курти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK