Мигрантското прашање во фокусот на средбата на претседателите на Грција и Малта

Грција-Малта
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Билатералните односи, руската инвазија во Украина, климатската криза, но и мигрантското прашање беа темите за кои разговарале грчката претседателка Катерина Сакеларопулу со претседателот на Малта, Џорџ Вела кој денеска е во официјална посета на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.







Претседателот на Малта истакна дека за мигрантското прашање сè уште не постои целосна поддршка од сите земји на ЕУ.

– Нивната солидарност е апсолутно неопходна, бидејќи таа мора да биде изразена и во пракса. Како земји-членки на ЕУ кои доаѓаме од Медитеранот, треба да укажеме и да ги потсетиме другите земји-членки дека не треба да се занимаваат само со прашања кои се внатрешни на Унијата. Постојано треба да ги имаме предвид опасностите кои се закануваат на безбедноста, стабилноста и просперитетот на медитеранските земји. Затоа што ако работите тргнат во тој правец, тогаш тоа негативно ќе се одрази на целата ЕУ, истакна Вела.

Грчката претседателка пак порача дека миграцијата не се однесува „само на крајбрежните држави, туку и на целото европско семејство“.

Неодамнешната трагична бродска несреќа во меѓународните води кај Пилос е уште еден пример за континуираната хуманитарна криза, во која илјадници луѓе ги загубија животите поминувајќи го Медитеранот во последниве години. Заштитата на надворешните граници на ЕУ е приоритет, но таа мора да оди рака под рака со нашата должност да го чуваме најскапото добро, човечкиот живот, истакна Сакеларопулу.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK