Вујкото на исчезнатата Данка Илиќ во Србија по Србија по која се трага веќе седум дена зборуваше што се случувало кобниот ден од исчезнувањето на девојчето, тврдејќи дека тоа е вистината и коментирајќи дека медиумите ретко пишуваат за неа.
Рече дека на последната фотографија од Данка Илиќ којашто била направена на кобниот ден таа е заедно со нејзиниот постар брат, а оддалечена е околу 30 метри од него и далеку од мајката којашто во тој миг фотографирала.
Вели дека можеби некој тогаш се криел, чекајќи го вистинскиот момент. Фотографијата била направена во 13 часот и 30 минути.
Сестра му, како што тврди вујкото, потоа отишла до автомобилот да донесе вода, а течноста била на совозачкото седиште.
Тоа се тие неколку секунди кога Данка исчезнала, тврди вукото, додавајќи дека не е вистина оти надвор врнело силен дожд. Сестра му потоа панично го барала девојчето, и не пријавила веднаш оти барала, а потоа се јавила и кај нејзиниот сопруг да го извести, кажа тој за „Блиц“.
За Драгомировиќ нема ништо спорно што мајката ја сликала Данка непосредно пред исчезнувањето, бидејќи нејзиниот телефон е полн со фотографии од нејзините деца.