Јуриќ за исчезнaтото девојче: Мора да бидеме подготвени и за најлошото, но јас сум сигурен дека девојчето ќе биде пронајдено

devojche-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Директорот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца во Србија, Игор Јуриќ, денеска истакна дека, имајќи го предвид изминувањето на времето откако исчезна малата Данка Илиќ (2), јавноста мора да се подготви за најлошото сценарио. Од друга страна, тој истакна дека секој има право да се надева дека девојчето ќе биде пронајдено живо и здраво.

Игор Јуриќ гостувајќи во „Прва ТВ“ изјави и дека го изненадило тоа што мајката на малата Данка Илиќ (2) наводно одбила полиграф, тврдејќи дека е бремена. Тој рече и дека не ја разбира постапката.

„Жртва мора да се направи, каква и да е. Останува да се надеваме дека ќе има среќен крај“ вели Јуриќ за случајот со исчезнатата Данка Илиќ.

Јуриќ забележува и дека, иако мајката официјално не е под истрага, таа, како и сите најблиски до неа, се осомничени.

„Официјално мајката не е под истрага, но со оглед на околностите нема лице кое не е осомничено. Се додека не се потврди што се случило и како исчезнало девојчето, тој сомнеж нема да исчезне. Мора да зборувате за се, ако има некаков проблем во семејството, мора да бидете искрени“, вели Игор Јуриќ.

Забележува и дека ја гледа единствената шанса малата Данка да е жива ако некој се јави и побара пари.

„Мислам дека сега е многу важно и единствената шанса ја гледам во тоа некој да излезе и да бара пари. Реков и мораме да се подготвиме за најлошото сценарио, со оглед на времето. Таа опција е реална и објективна, а од друга страна како народ имаме право да веруваме во чудо и се надевам на тоа чудо и дека денеска ќе ја добиеме веста дека е пронајдено“, вели Јуриќ, пренесуваат српските медиуми.

Полицаец од Бор е уапсен затоа што давал информации од истрагата, а Јуриќ вели дека ова е првпат некој да биде санкциониран кога станува збор за исчезнување на деца и дека ова е многу важен чекор во Србија.

Игор Јуриќ изјави и дека не може да не спомене дека Данка го променила текот на историјата кога е во прашање потрагата по исчезнатите деца во Србија.

„Се надевам дека од нејзиното исчезнување ќе научиме многу за важноста на еден систем и како треба да реагираме сите ние како граѓани, како треба да реагираат медиумите… Секој си ја заврши работата многу професионално и навистина сум горд на тоа“, рече тој.Јуриќ за „Прва ТВ“.

Данка Илиќ (2) исчезна во вторникот околу 13 часот во српската приградска населба Бањско поле кај градот Бор. Потрагата по девојчето се уште трае, а како што соопштија од полицијата, акцијата траела цела ноќ. Мајката на девојчето претходно изјави дека таа била со синот во Бањско поле кога девојчето исчезнало.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK