Истражување: 30 отсто од Бугарите сакаат нивната земја да го напушти НАТО

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неодамнешното истражување на јавното мислење во Бугарија покажа дека 30 отсто од испитаниците гласале за напуштање на НАТО алијансата. Истражувањето, кое беше спроведено пред претстојниот самит на НАТО во Вашингтон, покажа дека 59 отсто од Бугарите сакаат нивната земја да остане во НАТО, што е најмал процент на поддршка меѓу земјите-членки на Алијансата, пренесува Новините.



Дополнително, 11 отсто од испитаниците биле неопределени по ова прашање. Податоците од ова истражување ги искористи и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во својот годишен извештај, во кој се наведува дека 70 отсто од граѓаните низ земјите на НАТО ќе гласаат за останување во Алијансата, додека само 14 отсто би го напуштиле НАТО.

Истражувањето покажа и дека 61 отсто од Бугарите веруваат дека членството во НАТО ја подобрува безбедноста на нивната земја, додека 29 отсто од Бугарите се загрижени дека членството во НАТО можеби нема да ја обезбеди безбедноста на земјата, процент што го надминуваат само Италијанците, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK