Хил: САД се апсолутно против потезите на Приштина, ќе има последици

hil
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска во Белград изјави дека САД се „апсолутно против“ потезите на владата на косовскиот премиер Албин Курти.







Хил потсети на зборовите на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Приштина ќе ги сноси последиците за потезите што се спротивни на советите на САД.

– Многу јасно и ставивме до знаење на Приштина дека сме апсолутно против потезите на владата на Курти. Секретарот Бликен исто така беше многу јасен дека тоа ќе има последици за односите со Приштина, изјави Хил во Белград.

Тој исто така рече дека САД ги осудуваат нападите на граѓаните врз војниците на КФОР и НАТО на северот на Косово и нагласи дека таквите акции мора веднаш да престанат.

Тој додаде дека е „исклучително важно“ двете страни да разберат дека единствениот пат напред е преку бриселскиот дијалог и со создавањето на Заедницата на српските општини, изразувајќи надеж дека Србија ќе остане фокусирана на продолжување на европскиот пат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK