GREGY, проект на Copelouzos Group, на преговарачката маса помеѓу Мицотакис, Ал Сиси и фон дер Лајен

GREGY
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Проектот за електрично поврзување помеѓу Египет и Грција, со што ќе се снабдува со енергија останатиот дел од Европа, е сериозен зафат кој би ја променил енергетската карта.

Во текот на средбата меѓу Кирјакос Мицотакис и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, темата беше амбициозниот проект за енергетско поврзување на Египет и Грција, со што, Грција би станала енергетски центар во Источниот Медитеран.  Станува збор за проектот GREGY интерконектор на Copelouzos Group, со кој е предвидено, со помош на еден подморски кабел со должина од 950 км, и моќност од 3.000 MW, да се пренесува електричната енергија до Атика, директно од обновливите извори на Египет. Крајната цел на проектот е зелената енергија да се пренесува до други делови на Европа, а дел од оваа енергија ќе користат индрустијата и домаќинствата во Грција.


Говорејќи за стратешката важност на договорот, претседателката на комисијата, Урсула фон дер Лајен потенцираше дека енергетските инвестиции се централен елемент во соработката помеѓу ЕУ и Египет, а заедничката изјава се однесува на проектот за поврзување на електричната енергија GREGY.

„Заедно да го развиваме проектот за енергетско поврзување GREGY. Да се поврзе Египет со Грција. Да се доближат двата брега на Медитеранот. Египет, со своите ресурси, особено со обновливите извори на водород, би можел да стане центар за обновлива енергија“ – истакна Урсула фон дер Лајен, потенцирајќи дека Египет е подготвен да привлече странски инвестиции и го има потпишано меморандумот за соработка.

Според извори на Владата, на средбата помеѓу Мицотакис и Сиси, претходно била донесена одлука од двајцата лидери за унапредување и продлабочување на стратешките односи на двете земји со донесување на заедничка декларација за формирање на највисок совет за соработка (НСС) Грција – Египет, чија прва средба ќе се реализира во периодот што следува, во Атина. Изворите додаваат и дека особено се нагласува енергетската соработка и проектот за енергетско поврзување помеѓу Грција и Египет (GREGY), којшто ќе пренесува чиста електрична енергија од Египет во Грција, придонесувајќи во енергетската сигурност на цела Европа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK