Гласањето во Турција досега без проблеми

turcija_izbori_$5645655645
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Турците денеска гласаат за избор на претседател и 28-от состав на парламентот на Република Турција и засега нема извештаи за проблеми и инциденти.

Како што јави агенцијата Анадолија, регистрирани се 64,1 милиони гласачи, од кои над 60,7 милион лица ќе гласаат во Турција, додека во странство се регистрирани 3,4 милиони гласачи. Околу 4,9 милиони лица во земјата ќе гласаат за првпат.


Поставени се вкупно 191.884 гласачки кутии ширум земјата, а гласачите своето право на глас ќе го остварат до 17:00 часот по локално време. Гласањето почна во 8 часот по локално време.

Секој избирач ќе гласа за претседател и за избор на пратеници во парламентот, кои ќе имаат петгодишен мандат.

Гласачите ќе избираат меѓу актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган, главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу и кандидатот Синан Оган.

Мухарем Инџе, еден од четирите регистрирани кандидати за претседател, се повлече од трката во четвртокот, но според изборната комисија во Турција, и покрај неговото повлекување „во последен момент“, гласовите дадени за него ќе бидат прифатени како валидни во согласност со член 12 од законот бр. 6271.

И покрај неговото повлекување од претседателската трка, неговата „Партија Родина“ останува во трката за места во парламентот кој брои 600 пратеници.

На парламентарните избори се натпреваруваат 24 политички партии и 151 независен кандидат за пратеници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK