Бегај: Денеска е многу значаен ден и гласот на народот мора да се слушне

begaj_4353454453
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Албанскиот претседател Бајрам Бегај го оствари правото на глас на локалните избори по што изјави дека „денеска е многу значаен ден и оти гласот на народот мора да се слушне“







-Денеска е важен ден во демократијата, ден на избори. Ја извршив мојата должност како граѓанин. За секој граѓанин на Република Албанија денеска е ден кога може да се слушне моќта на неговиот глас. Гласовите не се на политички партии, туку на граѓаните и треба да им служат на граѓаните, рече Бегај, кој правото на глас го оствари заедно со сопругата Арманда.

Претседателот на Централната изборна комисија, Илиријан Целибаши на првата прес-конференција потврди дека на над 400 избирачки места имало проблеми со функционирањето на апаратите за електронската идентификација.

-По проценката на ситуацијата, оценивме дека за да не го попречиме процесот на гласање, процесот на идентификација на гласачите почна на традиционален начин, односно мануелно, бидејќи технички немавме друга опција, рече тој.

До 10 часот одѕивот на гласачите е над 10 отсто. Се очекува поголем одѕив во попладневните часови и поради фактот што почнаа да пристигнуваат поголем број албански граѓани кои живеат и работат во Грција.

Според Министертсвто за внатрешни работи не е регистриран никаков проблем од областа на безбедноста, за која се грижат 5.511 полициски службеници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK