Герапетритис со осуда за тероризмот, Коен објасни дека Израел се бори со терористи финансирани од Иран

gerapetritis
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Го осудуваме тероризмот, насилството не е ниту решение ниту одговор, порача шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис на средбата со неговиот израелски колега Ели Коен, кој од своја страна истакна дека воената операција во Џенин е борба против терористички организации, јави дописичката на МИА од Атина.







Герапетритис денеска во грчкото МНР го прими шефот на израелската дипломатија, кој воедно е и првиот странски министер во посета на Грција по изборите во земјата.

Двајцата министри, меѓу другото, се осврна на воената операција во Џенин, а Герапетритис истакна дека ги следат случувањата во регионот, изрази загриженост за ескалацијата на насилството, но и осуда за тероризмот.

-Сега, неопходно е да преовладува смиреност и воздржаност од сите за деескалација на кризата. Сакам да ја повторам познатата позиција на Грција за взаемно прифатливо решение за палестинското прашање, бидејќи веруваме дека ова ќе им служи на интересите на двете страни и народи, истакна Герапетритис и порача дека „правото на државите на безбдност треба асолутно да се почитува“.

Израелскиот МНР објасни дека во нивната операција целеле кон терористи и не бил убиен ниту еден цивил.

-Теба да разјасниме дека не се бориме протоив Палестинците, туку се бориме против терористички организации, кои се целосно финансирани од Иран, истакна Коен и додаде дека Иран е број еден земја во светот што финансира терористи.

Паралелно Коен рече дека сака јавно да изјави дека „Израел ги поддржува суверените права и територијалниот интегритет на Грција“.

За грчко-турските односи Герапетритис истакна дека Грција е подготвена да ја искористата позитивната клима што е создадена.

Шефовите на двете дипломатии, како што истакнаа на заедничката прес конференција, разговарале и за билатерните односи, за можноста за продлабочување и проширување на соработката во повеќе области, како што се економијата, трговијата, туризмот итн.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK