Рано утринава пред шест часот бомба била фрлена на излог од ресторан во Белград во сопственост на Н.М., снаа на познатиот српски дилер на хероин Винко Ракоњец.
Минатото лето Специјалниот суд го осуди Ракоњец на 12 години затвор за трговија со хероин на територијата на Србија, Словенија, Холандија, Турција и Доминиканската Република.
Како што објави Блиц, постои сомневање дека фрлањето на бомба м70 на прозорецот од ресторанот на снаата на Ракоњец може да биде поврзано со неговите нарко дистрибуции.
Полицијата и Вишото обвинителство во Белград работат на случајот. Засега непознатиот сторител допрва треба да биде идентификуван и кривично гонет.