Државниот секретар во МНР, Тосевски, се сретна со претседателот на МД „Илинден”-Тирана, Ѓурѓај

tosevski gjurgjaj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Филип Тосевски, вчера, во просториите на МНР го примил претседателот на македонско друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, потврди за МИА Ѓурѓај.







-Одлична двочасовна отворена дискусија со претседателот на македонското друштво „Илинден”- Тирана, Никола Ѓурѓај за состојбите и предизвиците на нашите браќа и сестри Македонци од другата страна на границата во Албанија. МНР останува отворено за соработка и поддршка за организациите на Македонците од соседните држави и разговаравме и разменивме идеи за можности за соработка и поддршка во блиска иднина, наведе во објавата на Фејсбук Тосевски.

Нагласува дека грижата за „нашите сограѓани во дијаспората и секако во соседните земји е основа за негување на македонското културно и историско наследство, јазик и идентитет”.

– Ние сме Македонци и треба да се помагаме. Остануваме посветени на градење на добрососедски односи и соработка, заеднички да инвестираме во создавање услови за да обезбедиме европска перспектива и иднина за младите во Македонија и Албанија да не заминуваат, стои во објавата Тосевски.

Според Ѓурѓај, на работната средба, на која присуствувал и Петар Шипинкаровски, тој го информирал својот домаќин за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Албанија.

-Беа актуализирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Албанија. Мојот ценет соговорник го информирав и за друштво „Илинден”, кое со години е активен субјект меѓу македонската заедница во Албанија, изјави Ѓурѓај за МИА.

Додава дека Тосевски покажал исклучителен интерес за положбата на Македонците во Албанија и во опсегот на неговите надлежности искажал подготвеност да помогне за подобрување на малцинските права на Македонците во Албанија.

Ѓурѓај, како главен и одговорен уредник на весникот „Илинден” донирал комплет од сите изданија на весникот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK