Драма во Загреб: маж се заканувал дека ќе скокне од покрив од куќа, па почнал да пука во полицијата

1692695568_1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вистинската драма се одвивала вчера на истокот на Загреб, каде маж се заканил дека ќе се самоубие, а потоа пукал во полицијата.


Се започнало нешто по 17 часот кога маж се заканувал дека ќе изврши самоубиство скокајќи од покривот на куќа на улицата „Поџмиш“.

По полицијата на терен излегле и сите други надлежни служби, а известена била и Градската управа за локална самоуправа, цивилна заштита и безбедност. Набргу по пожарникарите, на местото на драмата пристигнале полициските специјалци.

Преговорите со човекот продолжиле со часови. Во еден момент дури почнал да се заканува дека ќе ја разнесе цела куќа. Малку после 21 часот на улица одекна истрел, тој пукал во полицајците.

Во следниот момент успеал да истрча кон блиската шума, а специјалците добиле наредба да го следат. Потерата, на крајот била успешна – сторителот е уапсен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK