Драма во Печинци: Ученик удрил негов врсник со ѓуле во глава

Драма-во-Печинци-Ученик-удрил-негов-врсник-со-ѓуле-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Страшен инцидент се случил во основното училиште „Слободан Пајиќ Баја“ во Печинци.

Имено, на час по физичко, ученик удрил постар ученик во глава со метална топка за фрлање.

Според медиумите, инцидентот се случил во понеделникот, а повредениот ученик веднаш бил пренесен во Белград на Детската клиника, каде во вторникот бил опериран и сега е добро.

Загрижените родители на учениците кои го посетуваат ова училиште по изјавите за тамошните медиумии кажале дека паралелките од постарите ученици имале час по физичко воспитување тој ден во попладневната смена, кога фрлале ѓуле.

„Едно момче ја фрли топкаа, а другото момче одеднаш се најде пред него и момчето случајно го удри со топката во глава. Децата беа преплашени и загрижени, а момчето итно беше пренесено во болница каде подоцна беше оперирано бидејќи имал тешка фрактура на черепот. Не знаеме дали ќе има последици по неговото здравје и продолжување на образованието“, вели еден родител.

Тој посочува дека сите родители на децата кои го посетуваат тоа училиште ги интересира како се случил овој немил настан и дали Министерството за образование ќе ја преиспита одговорноста на училиштето по настанот.

Мајката на повреденото момче за српски медиум потврдила дека несреќата се случила во понеделникот.

„Мојот син беше опериран и сега е добро, фала богу. Тоа е единственото нешто што ми е важно, не знам детали, децата кои беа таму најдобро знаат што се случило“, изјавила мајката на повредениот основец.

Од Детската Клиника во Белград потврдиле дека момчето од Печинци е оперирано и дека е во стабилна состојба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK