Вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ упати сочувство до раководството и народот на Иран за смртта на претседателот Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан.
„Бев шокиран од веста за трагичната смрт на претседателот Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, како и членовите на неговата висока делегација. Иранскиот народ загуби посветен лидер, лојален на неговата земја и на високата функција. Србија изгуби докажан пријател и важен партнер со кој искрено работевме во корист на традиционалната блискост на нашите народи“, рече Дачиќ.
Тој додаде дека иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан е посветен на постојано подобрување на врските со Србија и дека заминувањето на претседателот Раиси и членовите на неговата висока делегација е огромна загуба за Иран, неговиот народ и државното раководство, се вели во соопштението.