ЦИК го потврди триумфот на Социјалистите на премиерот Рама на локалните избори на кои излезеноста била 38,22 отсто

cik albanija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Албанската Централна изборна комисија и официјално потврди дека  владејачката Социјалистичка партија освоила максимален број градоначалнички места.







– На неделните локални избори во вкупно 61 општина, во 53 од нив победници се кандидатите на Социјалистичката партија, во седум на опозициската коалиција ” Заедно победуваме”  и во општина Финиќ кандидатот на партијата МЕГА (партија на грчкото малцинство), рече Илириан Целибаши, претседател на ЦИК.

Според него излезеноста е 38,22 отсто од вкупно запишаните во единствениот избирачки список. Тоа значи дека правото на глас го оствариле 1.295.360 од вкупно запишаните 3.650.658 гласачи.

Ова е најнизок процент на одѕив на гласачи до сега, ако не се земе предвид оној од над 20 отсто на минатите локални избори,  во јуни 2019 година, кои ги бојкотираше здружената опозиција. Тогаш социјалистите освоија 60 градоначалнички места а само едно во општина Финиќ, партијата МЕГА.

Ниската излезеност, главно се должи на масовната миграција на населението. Според пилот проект на државниот Институт за статистика, ИНСТАТ, вкупното население во земјата е околу 2,4 милиони.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK