Четворица загинати и 200 повредени во вчерашното невреме во Хрватска

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во невремето што вчера попладне и вечерта ја зафати Хрватска четири лица загинаа, двесте се повредени, а повеќе од 2.000 згради се оштетени, покажуваат досега собраните податоци.

Две лица загинаа на подрачјето на градот Загреб, едно лице на подрачјето на Бродско-посавинската жупанија и еден пожарникар на подрачјето на Вуковарско-сремската жупанија, јавува Хина.



Оштетени се повеќе од 2.000 станбени, деловни и други објекти, како и голем број возила, а штетата се уште се проценува.

На подрачјето на градот Загреб оштетени се две училишта, два здравствени домови, пет клиники и една болница.

Во отстранувањето на последиците од невремето беа ангажирани сите расположливи сили на итните служби (пожарникари, полиција и итната медицинска помош), припадници на цивилната заштита и комуналните служби, а граѓаните помогнаа и во расчистувањето и отстранувањето на гранките и разните предмети од патиштата.

Здружението на хрватската противпожарна бригада соопшти дека се евидентирани 1.507 интервенции во кои учествувале 3.865 пожарникари со 1.604 возила.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK