Пред четири години на денешен ден, Загреб беше погоден од силен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала. Градот сè уште полека напредува и обновени се 3000 згради, пишуваат хрватските медиуми.
Штетата од земјотресот, каков што Загреб нема видено од 1880 година, беше проценета на 11,6 милијарди евра.
Zagreb, sada. Zabeležio Tomislav Potnar. #zagreb #zemljotres #hrvatska pic.twitter.com/AKK7V5uzIS
— У С Т А Н А К 202 (@USTANAK202) March 22, 2020
По земјотресот беа оштетени голем број станбени објекти, семејни домови, образовни, културни и здравствени установи, вкупно околу 25.000 објекти. Во моментов низ Загреб се отворени 425 градилишта, од кои повеќето се поврзани со структурно реновирање, 212 станбени згради се во процес на барање изведувачи, додека 155 од нив се во процес на проектирање, а до крајот на летото , треба да се доизградат 41 куќа, од кои седум преку моделот самореновирање.